+38977 443 443 / +3892 2734 350 contact@newborn.mk
  • English
  • македонски јазик

ПРВИЧНИ КОНСУЛТАЦИИ

За време на вашата прва посета, вашиот ИВФ специјалист ќе ги разгледа темелно медицинската историја и историјата за плодноста за Вас и вашиот партнер. Доколку сте имале предходни испитувања или лекувања, ние исто така би сакале внимателно да ги разгледаме, па затоа Ве молиме испратете ја целокупната релевантна медицинска евиденција пред вашата посета, ако е можно.

Вашиот ИВФ специјалист ќе ја искористи првата посета за да Ве запознае, да Ве посоветува за проблемите кои ги имате, да дискутирате за следните чекори и да одговори на сите ваши прашања кои можеби ги имате. Ние честопати правиме и физички преглед, ултразвук на карлица и/или тестови на крвта. Во зависност од индивидуалниот план, Вие исто така можете да се сретнете со некоја од нашите медицински сестри за време на вашата прва посета. На крај, ќе поразговарате со еден од нашите финансиски советници кој ќе Ви објасни се околу осигурувањето и трошоците за секој потенцијално препорачан третман.