+38977 443 443 / +3892 2734 350 contact@newborn.mk
  • English
  • македонски јазик

Синдром на полицистични јајници (PCOS)

Полицистичен оваријален синдром

Полицистичниот оваријален синдром (ПЦОС) е најчесто хормонално нарушување кај женската популација, со најразлична клиничка слика.

Окулу 10 % од жените во репордуктивно доба страдаат од оваа состојба, а во последните 10 години процентот рапидно се зголемува, најверојатно поради се поголемото конзумирање на преработена храна богата со прости шеќери.    

Причинителот за ваквата патолошка состојба не е со сигурност детерминиран, т.е се смета дека има повеќе фактори кои доведуваат до овој синдром, во поголем процент е генетски детерминиран,додека во доста голем процент 40% е поврзан со високи вредности на инсулин во крвта (посебно ако е асоцирано со обезност) кај пациентката.

ПЦОС е водечка причина за инфертилитет кај жената, и најчесто хормонско пореметување кај жената,се карактеризира со : нередовни менструации- намален број во текот на годината се до изостанок на циклусите, ановулација, поврзана со ановулацијата инфертилитет, високи количини на машки хормони во крвта кои доведуваат до маскулинизација на жената (акни,влакнатост по лице и тело, опа\ање на коса и др), инсулинска резистентност – во најголем процент асоцирана со обезност (БМИ >25) и соодветно на тоа, покачено ниво на шеќер во крвта,покачени вредности на холестерол, последователно на тоа ПЦОС е асоцирана со многу други болести кои потекнуваат од т.н. метаболен синдром,како, Диабетес тип 2, хипертензија, кардиоваскуларни нарушувања и др.

ПЦОС ако не се третира кога ке се дијагностицира доведува до зголемен ризик од доста малигни заболувања кои се естроген зависни (ановулацијата доведува до зголемени концентрации на слободен естроген во крвта без опонирачки делување на прогестеронот, кој,единствено се излачува од јајникот после овулација во втора фаза од циклус) : рак на матката, рак на градите и др.

Според Ротердамската класификација од 2003 година за да се постави дијагноза на ПЦОС потребно е да има минимум 2 од следните клинички или лабораториски знаци:

      1.  Намален број на овулации или отсуство на овулации во текот на годината

       2.  Ексесивно кочество на андогени хормони во крта

       3.  Карактеристичен ултразвучен изглед на овариумите( зголемен волумен, со бројни фоликули по површината на јајникот како нишка од бисери)

 

Кога се сомнева докторот за ПЦОС потребно е секако да исклучи други хормонални нарушувања, кои можат да дадат симптоми на ПЦОС, како хипотироизам, болести на надбубрежни болести, хиперпролактинемија, андроген секретирачки тумори и др., затоа е потребна темелна трансвагинална ултразвучна евалуација, со обавезен комплетен хормонален статус на пациентката.

Третманот на овој синдром е комплементарен поме\у медикаментозен (да се намали нивото на инсулин во крвта, регулирање на гликемијата, да се избалансираат пореметените хормони), хигиено диететски режим, естетски процедури кои ќе ги отстранат ефектите на високите количини на андрогени во крвта (третман на акните,ексесивната влакнатост и алопецијата) и дури и хируршки (електропункција на јајникот-после која во наредните 6-12 месеци се регулира овулацијата на јајникот)

Би сакале да нагласиме за огромната важност на ишраната со лекување на овој синдром. Секој лекар кој се бави со оваа проблематика прво препорачува ригорозна диета, а потоа зазема медикаментозен или хируршки пристап. Се препорачува диета со низок гликемиски индекс, јаглехидратите да се по потекло од зеленчук,овошје, махунасти плодови (грав,леќа,боранија), да се избегнуваат скробните продукти (леб,тестенини,компир,бел ориз), да се отсранат тотално од ишраната преработените производи (све што има код), благите работи, слатките сокови, да се избегнува високо масна храна од животински потекло ( масно црвено месо посебно).

Кај обезните пациентки после редукција на телесната тежина од 10% со нагласување на редукција на поткожното масно ткиво, доа\а до воспоставување на овулацијата, а со тоа и решавање на инфертилитетот.

Овулацијата кај овие пациентки се предизвикува со орална терапија како кломифен цитрате, летрозол во текот на 6 месеци, во комбинација со метформин кога имаме инсулинска резистенција, парентерална терапија со гонадотропни хормони за стимулација на овулација, итн.