+38977 443 443 / +3892 2734 350 contact@newborn.mk
  • English
  • македонски јазик

Повторливи Абортуси

Повторливи прекини на бременоста е состојба кога жената има две или повеќе клинички прекини на бременоста (спонтани абортуси) пред навршување на 20 недели од бременоста. Клиничкиот прекин на бременоста се случува откако бременоста била забележана преку испитување со ултразвук, и може да се појави уште во 5-6 гестациска недела (1-2 недели по пропуштениот менструален циклус). “Биохемиската бременост” се случува кога резултатот од тестот за бременост преку урина или крв е позитивен, но опаѓа и постанува негативен пред клинички бременоста да може да се види на ултразвук.Биохемиските загуби обично не се вклучени во изработка на дијагнозата за повторливи прекини на бременост.

Постојат различни причини зошто кај жените се јавуваат повторливи прекини на бременоста:

Генетика

Многу од раните абортуси (оние што се случуваат во првите 3 месеци од бременоста) се должат на генетски аномалии во ембрионот. Во нормален ембрион има 46 хромозоми. Кога ембрионот има дополнителен хромозом или еден недостасува, бременоста, најверојатно ќе заврши со спонтан абортус. Хромозомските абнормалности се јавуваат кај 60% од абортусите во првото тримесечје. Таквите генетски абнормалности обично не дозволуваат развој на здраво бебе. Ризикот од спонтан абортус поради овие генетски абнормалности се зголемува од 10% -15% кај жените помлади од 35 години, на повеќе од 50% кај жените постари од 40 години.

Кај околу 5% од паровите со повторливи прекини на бременоста, еден од родителите има преуредување (транслокација) на своите хромозоми. Ако еден родител има транслокација, тоа може да резултира во ембриони со неурамнотежени хромозоми кои ја зголемуваат веројатноста за абортус. Може да се проучи крвта на родителите (кариотип) за да се види дали тие имаат транслокација.Ако се пронајде проблем кај хромозомите, докторот може да препорача генетско испитување.Додека многу парови со транслокации конечно успеваат да зачнат и да имаа природна здрава бременост, вашиот доктор може да предложи третмани за оплодување, како Ин витро фертилизација (ИВФ).

Начин на живот / животен стил

Доколку се прекине со пушење на цигари и недозволена употреба на дрога ќе се намали ризикот од спонтан абортус. Ограничувањето на алкохолот и дозите на кофеин исто така може да биде од корист. Дебелината или прекумерната телесна тежина е поврзана со зголемен ризик од спонтан абортус, па така здравото губење на телесната тежина може исто така да помогне при забременување. Не постои јасен научен доказ дека стресот, анксиозноста, или благата депресија предизвикуваат повторливи прекини на бременоста, но сепак, овие се важни проблеми кои се заеднички кај сите жени со вакви загуби. Психолошката поддршка и советување може да им помогне на паровите да се справат со емоционалната болка од спонтан абортус и да се создаде здрава околина за забременување.