+38977 443 443 / +3892 2734 350 contact@newborn.mk
  • English
  • македонски јазик

Сведоштва

 

Почитувани, во моментот кога Ви пишувам ги чувствувам најубавите движења на моето бебенце во стомакот. Сакам да Ви изразам голема благодарност на докторката Гуржанова како и на целиот тим за се што правите за нас, да можеме и ние да се радуваме на живоот. Во моментот сум 30недела и со нетрпение го чекаме големиот ден. Би сакала да ги охрабрам сите што го имаат овој проблем да не се откажуваат , секој неуспешен обид е само чекор поблиску во решавањето на проблемот.

...Повеќе
Ф.С.М   
Ф.С.М   

Почитувани, во моментот кога Ви пишувам ги чувствувам најубавите движења на моето бебенце во стомакот. Сакам да Ви изразам голема благодарност на докторката Гуржанова како и на целиот тим за се што правите за нас, да можеме и ние да се радуваме на живоот. Во моментот сум 30недела и со нетрпение го чекаме големиот ден. Би сакала да ги охрабрам сите што го имаат овој проблем да не се откажуваат , секој неуспешен обид е само чекор поблиску во решавањето на проблемот. Со тимот на new born се остваруваат соништата. Со почит Ф.С.М

Author Picture

Со тимот на чело со Д-р Татјана Гуржанова се запознав пред 1,5 год. Прекрасно ме примија и направени се сите потребни испитувања. Во декември 2015 направена е инсеминација која не вроди со резултат. По препорака на мојата Д-р Татјана Гуржанова пристапив кон припрема за ИВФ постапка. Во март 2016 е направен 1-от обид кој беше неуспешен. Докторката имаше одличен пристап и ме советуваше да се опуштам и на есен да се обидеме повторно. Целиот тим ми беа несебично посветени и достапни во било кое време за сите мои дилеми и прашања.

...Повеќе
Л.П.   
Л.П.   
Author Picture

Со тимот на чело со Д-р Татјана Гуржанова се запознав пред 1,5 год. Прекрасно ме примија и направени се сите потребни испитувања. Во декември 2015 направена е инсеминација која не вроди со резултат. По препорака на мојата Д-р Татјана Гуржанова пристапив кон припрема за ИВФ постапка. Во март 2016 е направен 1-от обид кој беше неуспешен. Докторката имаше одличен пристап и ме советуваше да се опуштам и на есен да се обидеме повторно. Целиот тим ми беа несебично посветени и достапни во било кое време за сите мои дилеми и прашања. Второто ИВФ беше на 13.12.2016. Кога на 27.12.16 ми се јави докторката дека сум бремена просто не ми се веруваше бев пресреќна. Оттогаш ми се достапни 24/7 за сите дилеми и прашања. Секогаш љубезни и насмеани. Еве ја дочекав 14-тата недела од бременоста и благодарение на тимот и соодветната терапија се е во ред. Неизмерна е мојата среќа бидејќи ова е моја прва бременост на 51 годишна возраст. Благодарение на Д-р Татјана Гуржанова, Д-р Владимир Трајковски, ембриологот Д-р Мимоза Витанова како и целиот тим.
Со почит
Л.П. 01.03.2017

Author Picture

По долгогодишно мечтаење за остварување на најголема желба на секоја жена,и по долгогодишното одење по клиниките во државава конечно го пронајдов тимот кој максимално е посветен на пациентите без разлика за каков проблем станува збор.За кој би станувало збор ако не за Њуборн Клиник -тим за респект.
Ви благодариме од срце за вашето внимание,посветеност и позитивна енергија која што ми ја дадовте за да ми се оствари мојата најголема желба.НАЈДОБРИ СТЕ продолжете така верувам дека ќе се уверат уште многу многу брачни парови.

...Повеќе
AA   
AA   
Author Picture

По долгогодишно мечтаење за остварување на најголема желба на секоја жена,и по долгогодишното одење по клиниките во државава конечно го пронајдов тимот кој максимално е посветен на пациентите без разлика за каков проблем станува збор.За кој би станувало збор ако не за Њуборн Клиник -тим за респект.
Ви благодариме од срце за вашето внимание,посветеност и позитивна енергија која што ми ја дадовте за да ми се оствари мојата најголема желба.НАЈДОБРИ СТЕ продолжете така верувам дека ќе се уверат уште многу многу брачни парови.
Среќата е неизмерна бидејќи станува збор за трето инвитро-прво во Њуборн Клиник.
Ви благодарам....
А.А




* RequiredAdd a photo?