+38977 443 443 / +3892 2734 350 contact@newborn.mk
  • English
  • македонски јазик

ЕНДОМЕТРИЈАЛНА КО-КУЛТУРА

ИВФ ембрионите на ендометријалната клеточна ко-култура користат клетки од сопствената матка на мајката. Во денешно време 3 ембриони се “ко-култивираат” со ендометријалните клетки. Ендометријалните клетки се наоѓаат во позадина – формираат монослој на дното од садот со културата.

Најчесто, јајце-клетките и сперматозоидите се мешаат на денот на пронаоѓање на јајце-клетките без ко-култивираните клетки. Наредното утро, после идентификација на оплодените јајце-клетки (наречени zygotes), овие ембриони се пренесуваат во ко-култивираните клетки кои се подготвени неколку дена однапред.Ембрионите тогаш се култивирани со помошните клетки додека да дојде време за трансфер на ембрионот. Ова обично трае дополнителни два дена од култивирањето.

Ние земаме примерок од ендометриумот на 21-от ден од менструалниот циклус и почнуваме да ги подготвуваме култивираните клетки во нашата лабораторија и ги пренесуваме ембрионите во бластноцистна состојба заедно со ендометријалните култивирани клетки.