+38977 443 443 / +3892 2734 350 contact@newborn.mk
  • English
  • македонски јазик

ИУИ – Интраутерина инсеминација

Интраутерината инсеминација е прилично едноставна метода на биопотпомогнато оплодување со која што претходно припремениот семен материјал од машкиот партнер се внесува внатре во матката во време на овулацијата, со што се зголемува веројатноста за оплодување и зачнување. Најчесто се користи кај парови со т.н идиопатска неплодност или неплодност од непознато потекло, при проблеми со овулацијата (откако претходно медикаментозно сме ја довеле жената до овулација), а основен предуслов за примена на оваа метода е обострана проодност на тубите (јајоводите).

Како отприлика изгледа оваа постапка?

За женскиот партнер

Инсеминација може да се прави во природен циклус, доколку има уредни овулации жената.

Доколку се прави во природен циклус обработениот семен материјал се внесува во матката од 12 иот до 15 иот ден од циклус (прв ден од циклус е секогаш оној ден кога започнало менструалното крварење). За да се одреди точно овулацијата вашиот гинеколог ке прати раст на фоликул и дебелина и изглед на ендометриум на ултразвук и може исто така да се прати и со хормонално испитување на крв за ЛХ хормон и естрадиол.

Во текот на припремата вашиот гинеколог може да се одлучи за стимулација на овулација со таблети или инекции, со фоликулометрија ќе го прати растот на фоликулотво кој созрева јајната клетка и во одреден момент ке се одлучи за ХЦГ инекција или популарно стоп инекција.

Припремената сперма се внесува во матката 36-40 часа после стоп инекцијата.

Гинекологот специјалист по хумана репродукција го воведува спекулумот (инструмент кој служи за ширење на вагиналните зидови) во вагина и со мал тенок и еластичен катетер преку грлото на матката го внесува претходно обработениот материјал внатре во матката.

Со обработување на семениот материјал или спермата се одбираат најдобрите сперматозоиди со т.н градиент  метода и се отстранува течноста во која сперматозоидите природно пливаат.

Целата постапка трае неколку минути и е безболна.

За машкиот партнер

Машкиот партнер на денот на инсеминацијата даваат семен материјал или сперма која се припрема по градиент метода за постапката.  За да емениот материјал биде што поквалитетен треба да се воздржи од ејакулација 2-3 дена пред инсеминацијата.

Успешноста на оваа метода е 15% на поединечен циклус со користење на терапија за стимулација на овулација  е поголема кај помлади жени. Тест за бременост се прави 15 до 21 ден после инсеминацијата.

Се смета дека нема смисла да се повторува постапката повеќе од 4 пати доколку се задоволени сите претходно споменати критериуми. Доколку процедурата не успее вашиот гинеколог специјалист по хумана репродукција ќе ви предложи некој друг третман или можеби ин витро.