+38977 443 443 / +3892 2734 350 contact@newborn.mk
  • English
  • македонски јазик

ПРОГРАМА ЗА ДОНАЦИЈА НА ЈАЈЦЕ-КЛЕТКИ

Њуборн Клиника има програма за донација на јајце-клетки со две опции. Тоа што ја прави нашата програма уникатна се нашите исклучителни кандидати. Замрзнатите јајце-клетки што ги имаме на располагање се од најубавите, најбрилијантните и најпосакуванитекандидати од сертифицирана банка за јајце-клетки од Русија. Програмата за донација на јајце-клеткирасполага со голем број на информации, како и слики од нашите донатори на замрзнати јајце-клетки и нивните медицински сертификати.

Њуборн Клиника работи во рамките на Министерството за здравство според прописите и законите кои се однесуваат на програмата за донација на јајце-клетки. Согласно законот, кандидатите имаат 2 опции:

Прва опција: кандидатите може да донесат свои донатори, а ние медицински да ги подготвиме. Во овој случај донаторите мора да имаат направено генетски тестови, микробиолошки испитувања, имунолошки тестови и тие мора да поминат на комисија од Министерството за здравство согласно законската регулатива и документација. По одлуката од комисијата тие ќе имаат можност да ја започнат медицинската постапка. На овој начин клиниката не може да биде вклучена меѓу донаторот и примателот!