Кои витамини им се потребни на мажите за здрава сперма?

Кога станува збор за забременување, речиси целото внимание е насочено кон жените. Интензивниот фокус е на исхраната и начините што можат да ги зголемат шансите за зачнување. Но здравата исхрана е важна за двајцата партнери, па оттука неспорно е дека во иднина татковците играат клучна улога во процесот на создавање на новиот живот, а за тоа е потребна здрава сперма. Конзумирањето на потребните витамини е суштински дел од остварувањето на оваа цел.
Витамин Ц
Витаминот Ц сам веројатно нема да го подобри квалитетот на спермата или да ги намали проблемите со плодноста, но е еден од најздравите видови додаток во исхраната кои треба да се конзумираат. Се покажало дека кај пациенти кои конзумирале 1.000 милиграми витамин Ц дневно дошло до зголемување на бројот на сперматозоиди и нивната подвижност. Зголемениот број на сперматозоиди значи дека ќе има повеќе сперма со потенцијал да ја оплоди јајце клетката, а поголемата подвижност значи дека спермата е здрава и доволно силна да го изоди патот до јајце клетката. Цитрусното овошје, бобинките, кивите, бриселско зелје, брокулата и црвените пиперки се храна богата со витамин Ц.
Витамин Д
Витаминот Д сам по себе нема да го подобри квалитетот на спермата, но е многу важен дел од исхраната. Ниското ниво на витамин Д може да има негативно влијание врз целокупното здравје на сперматозоидите, како и бројот на сперматозоиди и нивната подвижност. Високите нивоа на витамин Д исто така може да имаат негативен ефект врз спермата па затоа консултацијата со лекар за соодветениот износ на витамин Д за вас е неопходна. Пиење млеко или јадење збогатена храна, како на пример јогурт и житарици за доручек, ќе помогне да се зголеми внесот на витамин Д.
Витамин Е
Еден фактор кој придонесува за неплодност е квалитетот на спермата. Бидејќи витаминот Е игра клучна улога во заштитата на клетките од оштетување, неговата конзумација е неопходна. Користењето на витамин Е, особено комбиниран со селен во исхраната, може да го подобри квалитетот на спермата. Ваквата комбинацијата на витамин Е и селен има особено корисно влијание врз подвижноста на сперматозоидите. Оревите и семињата се одлични извори на витамин Е.

Фантастичната фолна киселина
Фолат или фолна киселина веројатно е најпозната по нејзината способност за спречување на одредени дефекти при раѓање, но овој Б витамин игра важна улога во формирањето на сперматозоиди. Конзумирањето фолна киселина може да го подобри здравјето на спермата и да го зголеми бројот на сперматозоиди, а ефектите се уште подобри кога фолната киселина се комбинира со цинк. Храна богата со фолати е лиснатиот зеленчук, портокалите како и житариците.