Грижа за миленици во бременост

Многу семејства гледаат на нивните миленици како дел од фамилијата. Домашните миленичиња носат многу забава, радост и позитивна енергија. Во бременоста треба да внимавате какви миленици чувате и како се грижите за нив.
Нема причина зошто вашето куче да не е дел од фамилијата додека сте бремени. За да имате сигурна бременост внимавајте на следното:
• Не дозволувајте вашето куче да ви скока врз стомакот
• Доколку кучето има навики да гриза или да скоска, тренирајте го за време на бременоста за да не го направи тоа на вашето бебе • Бидете сигурни дека кучето ги има примено сите вакцини. Вакцинирајте го пред да се породите • Доколку сте приврзани со кучето, замолете го вашиот партнер да поминува повеќе време со него и да ја превземе одговорноста. Кога ќе се роди вашето бебе ќе немате доволно време да му посветите на кучето па затоа добро ќе биде да се подготви и да се зближи со партнерот. Доколку сте бремена жена која чува маче треба да внимавате на токсоплазма. Оваа инфекција настанува од паразити (Toxoplasma gondii) и се пренесува преку мачките. Мачките ги пренесуваат паразитите преку фецесот и може да се заразите доколку ја чистите кутијата со песок или леглото на мачето. Обидете се да го направите следното: • Замолете друг член од семејството секојдневно да ја чисти кутијата со песок и леглото • Чувајте ја мачката внатре во домот • Избегнувајте контакт со бездомни мачки • Детално мијте ги рацете со сапун и вода по галење со мачката • Не ја хранете мачката со живо месо. Со токсоплaзма може да се инфицирате преку недоволно термички обработено свинско или јагнешко месо.