+38977 443 443 / +3892 2734 350 contact@newborn.mk
  • English
  • македонски јазик

ПРОГРАМА ЗА ДОНАЦИЈА НА СПЕРМА

Њу Борн Клиника има договор со Европската банка за сперма од Данска. Исто така , нашата клиника има дозвола од Министерството за здравство да има програма за донација на сперма. Кандидатите имаат можност да изберат донатор на сперма според нивните спецификации од базата на податоци на Европската банка за сперма. Тие имаат можност да изберат донатор за инсеминација (IUI) или за процедурата со вбризгување на сперматозоиди (ICSI).Исто така, можат да изберат отворен донатор, и да ги добијат сите информации за донаторот, или да изберат донатор без контакт, и да ги добијат само основните информации за донаторот. Секој донатор мора да поседува медицински сертификат, а кандидатите мораат да ја комплетираат законската регулатива и мора да поминат пред комисијата на Министерството за здравство.