Неговото височество – Прогестерон

Прогестеронот (P4) е неопходен за поддршка на ендометриумот, а со тоа и за успешна имплантација на ембрионот и одржување на здрава бременост.

За време на Ин витро циклусот, обично се користи терапија која влијае на нивото на прогестерон за да се спречи предвремена овулација.

Постојано се води дебата околу тоа колку треба да е нивото на прогестерон пред ембриотрансфер.

Според некои студии, поддршката со овој хормон го зголемува исходот на ин витро циклусот и износување здрав плод , но има и различни мислења за тоа дали поддршката со P4 ја намалува стапката на спонтан абортус или биохемиска бременост или нема никакво влијание на исходот.

Иако нивото на прогестерон на денот на трансферот сè уште не е опширно проучен, тајмингот на трансферот на замрзнат ембрион врз основа на серумските вредности на P4, а не само на бројот на денови на циклус резултира со повисоки стапки на бременост, ја максимизира стапката на имплантација и ја намалува стапката на абортус.

Во моментов, постојат четири различни начини на администрација на прогестеронот: вагинален, интрамускулен, субкутано и орален.

Кога се споредува поддршката на бременоста со аплицирање на хориогонадотропин (HCG), употребата на P4 е претпочитана пред употребата на HCG бидејќи има подобри резултати кај ин витро циклусите и има помали шанси за синдром на хиперстимулација на јајниците. Затоа, важно е да се разбере влијанието на поддршката со P4 и оптималните вредности на P4 за време на Ин витро циклусот.

Мислењето е дека вредностите на P4 треба да се одржуваат помеѓу 10 и 20 ng/ml во текот на лутеалниот период пред имплантација за да се максимизира стапката на имплантација . Вредностите на P4 > 40 ng/ml, од друга страна, укажуваат на помала стапка на имплантација и поголема стапка на абортуси после ин витро постапка.

Сепак, контроверзноста продолжува да постои во литературата во врска со оптималните вредности на P4 и тоа најверојатно се должи на варијациите во карактеристиките на пациентот, вклучувајќи ја динамиката на матката, апсорпцијата на прогестерон и искористувањето на истиот.