Синдром на полицистични јајници – причина бр. 1 за неплодност.

Синдром на полицистични јајници – причина бр. 1 за неплодност.
Ова е едно од најчестото хормонално пореметување кај жените и често се нарекува “тивок убиец”. Овој синдром влијае на околу 5 до 20 проценти од жените.
Иако малку жени се свесни за ова нарушување или кои се симптомите, синдромот на полицистични јајници се верува дека е одговорен за речиси 70 проценти од женскиот инфертилитет. Во меѓувреме, нарушувањето го зголемува ризикот од некои други здравствени проблеми, како што се отпорност на инсулин, тип 2 дијабетес, висок холестерол, висок крвен притисок и срцеви заболувања.
Кај жените кои го имаат овој синдром најчесто се појавуваат неколку од многуте симптоми и знаци.
1. Нередовна менструација. Тоа е најчестата карактеристика. Нередовна менструација значи менструален циклус кој се појавува на интервали подолги од 35 дена или се појавува само неколку пати во годината. Овој симптом може да се појави уште во пубертетот, но и подоцна по нагло зголемување на телесната тежина.
2. Последици од зголемено присуство на андрогени. Зголеменото ниво на машки хормони, резултира со физички видливи знаци како:
o зголемена влакнетост на лицето, градите, стомакот, грбот, горниот дел на рацете и нозете;
o акни;
o проретчување на косата.
3. Дебелина. Проценето е дека околу половината од жените кои го имаат синдромот на полицистични јајници, имаат и прекумерна телесна тежина.
4. Неплодност. Синдромот на полицистични јајници е една од најчестите, ако не и најчестата причина за неплодноста кај жените.
5. Кожни израстоци. Жените кои го имаат овој синдром, многу често имаат мали кожни израстоци (со иста боја како кожата) на вратот или под мишките.
6. Инсулинска резинстенција (поврзано со зголемен ризик за дијабетес).
7. Други последици кои можат да се појават кај жените со синдром на полицистични јајници се:
o висок крвен притисок;
o високо ниво на холестерол;
o кардиоваскуларни проблеми;
o депресија;
o замор;
o промени во расположението;
o ниско либидо.
За лекарите, еден од предизвиците на идентификација и третман на синдромот на полицистични јајници е тоа што тој не може да се дијагностицира само со тест. Покрај тоа, симптомите се слични на симптомите на други хормонални нарушувања, како што се хроничен замор или проблеми со тироидната жлезда.
Причини за појавата
Јајниците ги лачат женските хормони естроген и прогестерон и некои андрогени т.е. машки хормони. Кога во телото е присутен синдромот на полицистични јајници, нивото на андрогени се зголемува, овулацијата се случува поретко од нормалното или воопшто не се случува и менструалниот циклус станува нередовен.
Експертите сè уште не ја знаат точната причина која ги предизвикува овие проблеми, но истражувањата покажуваат дека високото ниво на инсулин, може да го забрза производството на андрогени од јајниците.
Истражувањата покажуваат уште и дека оваа појава кај жените може да биде наследна. Синдромот на полицистични јајници не е заразен.
Некои од најчестите причини за синдром на полицистични јајници се:
1. Генетски тренд
2. Лошата исхрана (особено исхрана содржи многу шеќер и обработени јаглехидрати)
3. Хроничен стрес
4. Незадоволително ниво на физичка активност или прекумерна активност
5. Изложеност на хемикалии кои негативно влијаат на ендокриниот систем
6. Висок процент на масти во телото
7. За некои жени негативно влијание нискиот процент на масти во телото (обично како резултат на строга диета со малку калории)
Некои совети за олеснување на симптомите:
1. Јадете овошје, зеленчук, риба, ниско-маснo месо, ореви, маслиново масло и слично.
2. Намалете го стресот ( стресот има директно влијание на ендокриниот систем и, следствено, во производството на хормони.
3. Повеќе одмарајте – сонот е од суштинско значење за регенерација на клетките, продукција на хормони, стрес контрола, па дури и контрола на тежината.
4. Вежбајте умерено, бидејќи прекумерното вежбање и ниско-калоричните диети негативно влијаат на хормонот за рамнотежа.
Синдромот на полицистични јајници е комплексна состојба, а начинот за регулирање на хормоналната нерамнотежа не е иста за секоја жена. Консултирајте се со вашиот лекар доколку имате некои од симптомите наведени погоре.